Нови сведоци и прислушуваните разговори на специјалното јавно обвинителство за случајот „Монструм“ се очекува да го расветлат петкратното убиство кај Смилсковското Езеро што се случи пред шест години, пишува Независен.
Одбраната најавува нови сведоци кои досега не се појавиле во Судот, а нови сведоци се очекува да предложи и специјалното јавно обвинителство.
Но најпрвин, најверојатно, јавно ќе се слушаат разговорите што ги има обвинителството за овој случај. Овие разговори, за кои имаше политички реакции, но и реакции на родителите на убиените момчиња, се очекува да дадат одговор за тоа што се случувало на Величетврток во 2012 година и кој и зошто го извршил убиството.
Од специјалното јавно обвинителство не успеавме да добиеме потврда дали ќе предложат нови сведоци, иако обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, најави нови докази, а зависно од нив и измени и на обвинението.