“No sleep till EXIT” , Белградско загревање за прославата на дваесеттиот роденден на Петроварадин – ММС
ММС

Објавено на: 06/12/20 2:49 PM

“No sleep till EXIT” , Белградско загревање за прославата на дваесеттиот роденден на Петроварадин

Белградско загревање на 10-ти и 11-ти јули подготвува ЕГЗИТ фестивалот во духот на прославата на својот дваесетти роденден на Петроварадинската тврдина која ќе се одвива од 13-ти до 16-ти август. Под мотото “No sleep till EXIT” , на просторот пред колосалните силоси „Житомлин” во Дорќол, веднаш до Дунав, ќе настапи моментно најбараното диџејско дуо во светот  Артбат, за кои ова ќе им биде прв меѓународен настап по четири месеци пауза!

Покрај украинското диџеј-дуо, во сабота на 11-ти јули ќе настапат уште и регионалната диџејска икона  Марко Настиќ, српскиот диџеј и продуцент во подем Коес (Coeus), како и еден од бардовите на белградската диџеј-сцена последниве години, Кристијан Молнар.

Викендот за загревање со кој и официјално почнува одбележувањето на 20-тиот роденден на Егзит, на 10 јули во петок ќе го отвори мистериозниот диџеј и своевидната амајлија на ЕГЗИТ тимот, Лутеманиа, а истата вечер ќе биде забележана и со многу имиња од рап сцената.

Во среда, 17 јуни точно на пладне, ќе биде пуштена  првата, строго ограничена количина на влезници за  ЕГЗИТ загревањето  во Белград .

– Сите кои имаат влезници за ЕГЗИТ, можат својата влезница за првата ноќ да ја добијат сосема бесплатно, со задолжително пријавување преку овој краток онлајн формулар, а по пријавувањето неопходно е на настанот да приложат документ за лична идентификација, како и влезницата за ЕГЗИТ во физичка или електронска форма, за истата да биде валидирана на влезот и да продолжи да важи за ЕГЗИТ во август, информираат од фестивалот  .