(Видео) Езеро старо 50 илјади години ненадејно ја промени бојата – ММС
ММС

Објавено на: 06/12/20 2:19 PM

(Видео) Езеро старо 50 илјади години ненадејно ја промени бојата

Езерото Лонар во Индија старо околу 50 илјади години, ненадејно ја променило бојата во розова.Експертите за ваквата појава немаат објаснување, а претпоставуваат дека причината е зголеменото ниво на сол во водата, процентот на алги или комбинацијата на двата фактори.

„Се чини дека езерото оди кон црвена боја, затоа што порасна нивото на соленост“, изјави локалниот еколог Гајанан Карат.

Примероци од езерото се испратени до неколку лаборатории .

„Кога ќе бидат проучени примероците, ќе може дефинитивно да се каже која е причината, зошто водата станува црвена“, вели Карат.

Езерото, кое е локализирано 500 километри источно од Мумбаи, е формирано како резултат на удар од метеор пред 50.000 години, според CNN.

Лонар езерото е популарна туристичка дестинација, проучувана од научници ширум светот.

 

   извор : edition.cnn.com