Здравството во Македонија е во тотален колапс, обвинија на пресс конференција од Алијансата за Албанците – ММС
ММС

Објавено на: 06/11/18 6:30 AM

Здравството во Македонија е во тотален колапс, обвинија на пресс конференција од Алијансата за Албанците

Здравството во Македонија е во тотален колапс, обвинија на пресс конференција од Алијансата за Албанците. Според нив, во времето кога Арбен Таравари бил Министер за здравството цветало, а сега новиот министер Венко Филипче нуди само сомнителни проекти.

Од Алијансата за Албанците истакнаа дека само бројките покажуваат во каква криза е здравството. Новиот министер Венко Филипче, ужива минимална доверба покажаа последните анкети, за разлика од Таравари кога тој имаше најголема доверба меѓу министрите.

Палоши рече дека новиот министер Венко Филипче, спроведува проект кои се централизирани.

Од Алијансата, посочија дека поради кризата во здравствениот систем голем број на лекари во изминативе четири месеци заминале од државата, за разлика од минатата година кога во време на Таравари бројката на заминати мозоци од областа на здравството бележела надолна линија.

Зоран Димовски