Антикорупциска има наоди со 116 докази за незаконитости и злоупотреба на финансиски средства на ИВЗ, изјави Нури Бајрами – ММС
ММС

Објавено на: 06/12/20 1:49 PM

Антикорупциска има наоди со 116 докази за незаконитости и злоупотреба на финансиски средства на ИВЗ, изјави Нури Бајрами

Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси, поседува наоди за незаконитости и злоупотреби на финансиски средства од страна на раководни службеници во Исламската верска заедница. Пријавата е доставена до ДКСК уште во ноември 2019 година, но таа е посебна, туку копија од кривичната пријава која истовремено е доставена до Јавното обвинителство за организиран криминал, до управата за финансиска полиција и УЈП. Во прилог на оваа пријава постојат 116 докази, кои се анализирани темелно од страна на Антикорупциска.

-Се работи за злоупотреба на финансиски средства кои не се средства од буџетот на Република Северна Македонија. Имаше јавна реакција од ИВЗ дека ние наводно се мешаме во автономијата на оваа верска заедница, што не е точно и затоа се избра овој момент, ова да се докаже практично преку анализа на 116 докази кои беа доставени во прилог на пријавата, рече Бајрами.

Бајрами потсети уште еднаш дека никој не е над законот и дека Исламската верска заедница, како и сите други, имаат обврски кон оваа држава кои треба навремено и транспарентно да ги исполнуваат. Постапувањето на ДКСК по ова прашање се однесува согласно член 8, став 2 од законот за спречување на корупција. Службени лица се именувани, избрани и вработени во јавен сектор, но не и верски службеници.

-Од она што го прибравме како документација од Централен регистар, УЈП и Министерство за финансии, последните пет години ИВЗ не доставила основен извештај и годишна сметка на самата институција. Од Централен регистар тие што се надлежни и должни не постапиле за тоа под каква контрола на дејствија се однесува овој случај. Поради непреземени дејствија на Централниот регистар, ќе следува постапка за директорот и службените лица, а и од Владата ќе се бара да достави записнин за извршената финансиска контрола, додаде Нури Бајрами.

Според претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, извештајот на комисијата за 2019 година ја отсликува работата на новиот состав и е согласно новиот закон за спречување на корупција од јануари минатата година. Во десетте месеци од таа година доставен е рекорден број на пријави на физички и правни лица, здруженија, институции, што укажува на бројни повреди на закон, процедури, злоупотреби на функции и јавни овластување. Бројот на пријави за изминатата година е поголем од вкупниот број на пријави за изминатите пет години.

Доставени рекордни број на пријави на физички и правни лица, здруженија, институции, што укажува на бројни повреди на закони, процедури, злоупотреби на функции и јавни овластување. Бројот е поголем на вкупниот број на пријави во последните пет години. Ваквата состојба е одличен приказ на изгубената доверба на институциите и системот воопшто.

 

Давор Јосифоски