Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-85, Куманово-24, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-3, Тетово-18, Струга-5, Охрид-9, Гостивар-2, Гевгелија-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Валандово-1, Свети Николе-2, Ресен-2, Неготино-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 12 оздравени пациенти, во: Скопје-3, Прилеп-6, Струга-1, Велес-1 и Виница-1. Починати се две лица од Скопје и Тетово.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (53г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина пациентка (60г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 9 јуни.
Направените 1045 теста се преку: ИЈЗ –353 , ЦЈЗ Скопје-23, Авицена –152, Биотек -95, Жан Митрев (Филип Втори) –166, Систина со PCR метода –114 и МАНУ -142. Досега во земјата се направени вкупно 41.049 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.