Наесен ќе се доделат социјални станови за гостиварци – ММС
ММС

Објавено на: 06/11/18 6:19 AM

Наесен ќе се доделат социјални станови за гостиварци

Речиси е завршена градбата на зградата каде ќе бидат сместени социјално загрозените семејства, лоцирана во близина на гостиварската болница. Социјалните станови според Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски најверојатно ќе бидат доделени наесен.

Зградата е речиси целосно комлетирана, има поставено врати и прозорци се очекува да се изврши технички прием. Се работи за две ламели каде има 70 станови, наменети за социјално загрозените семејства. Кога ќе се доделат становите не се знае.

Но, министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски при посетата на Општина Гостивар, рече дека се надева оти наесен годинава ќе биде објавен огласот за доделување на социјалните станови.

Изградбата на социјалната зграда започна пред околу три години. Целиот проект изнесува околу 85 милиони денари.

Зоран Димовски