Трагедија во Србија: Спасувал папагал на бандера, го убила струјата пред очите на семејството – ММС
ММС

Објавено на: 06/12/20 8:37 AM

Трагедија во Србија: Спасувал папагал на бандера, го убила струјата пред очите на семејството

Педесетгодишниот Момир Бановиќ, тракторист од селото Радичевиќ кај Бечеј, загина обидувајќи се да го спаси својот папагал на бандера пред семејната куќа на Бановиќ.

Несреќниот Момир првин, на очиглед на неговото семејство, гу ударила струја, а потоа од голема височина паднал од електричниот столб.

„Домашниот миленик на семејството Бановиќ излетал од кафезот на улица. Веднаш по него од куќата во потрага излегоа Момир, неговиот татко, мајка, брат, сопруга и ќерка. Папагалот долетал на електричниот столб, кај жиците за струја, каде е исклучително опасно. Најмилитите на Момир го молеа да не се качува на бандерата, но тој не ги послуша. Сакаше да го спаси папагалот. Се качи, ја протна раката меѓу жиците и каблите за да го дофати папагалот. Го допре кабелот и почна да се тресе. Го удри струјата, па падна на улицата. Сите притрчавме, но…“, раскажува за српски медиуми сосетка на семејството.

Набрзо дошло возило на итна медицинска помош, но било доцна. Несреќниот Момир, кој во селото бил почитуван човек, починал на лице место.