Заев: СДСМ ќе победи со разлика од шест до десет пратеници, ДУИ ќе оди во опозиција – ММС
ММС

Објавено на: 06/12/20 6:25 AM

Заев: СДСМ ќе победи со разлика од шест до десет пратеници, ДУИ ќе оди во опозиција

СДСМ ќе победи на изборите, а ДУИ заминува во опозиција ако поставува услови за водење на државата. Но, тоа е здраво за државата, здраво е и за партијата, тие не виделе што е опозиција, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју синоќа за телевизија 21.

Според него, во вакви услови ако ДУИ поставува услови за премиер Албанец, нема ни да може да преговараат со партијата на Али Ахмети.

– Имам кредибилитет да зборувам на оваа тема, ние направивме предизборна меѓуетничка коалиција, немам предрасуди за ова… Па да знаат граѓаните да излезат на избори и тие ќе одлучат кој ќе биде премиер, кој министер, кој претседател на парламент… Сите во државата што побрзо да сфатиме дека изборите ни’ се неопходни толку ќе биде подобро, порача Заев.

Тој изјави дека СДСМ ќе биде победник на изборите.

– Пред една година кажав дека ќе ги победиме ВМРО-ДПМНЕ со разлика од 60 000 до 120 000 гласа. Ако водиме четири отсто, како што вели ВМРО-ДПМНЕ, тогаш тоа е 72 000. Иако ние водиме со шест проценти. Сите се за избори, буквално сите партии, освен ВМРО-ДПМНЕ. Сега не сакаат ниту парламентот да се врати да работи, ниту сакаат избори. Ние очекуваме да имаме предност од 6 до 10 пратеници, тоа се бројките, до партиите стигаат истите бројки. Затоа не сакаат избори, сето друго е изговор, дополни Заев.

МИА