Пејач падна од скала местејќи антена и почина- Жировница се збогува од Емрах Мехмеди – ММС
ММС

Објавено на: 06/11/20 9:26 PM

Пејач падна од скала местејќи антена и почина- Жировница се збогува од Емрах Мехмеди

Денес во несреќен случај почина младиот фолк пејач Емрах Мехмеди (30) од Жировница. Несреќата се случила кога местејќи сателитска антена во село Гари паднал од скала. Тој е познат пејач на фолк музика во дебарскиот и реканскиот крај. Емрах  зад него остави две мали дечиња и сопруга.

Од Емрах се простиваат од неговата родна Жировница, се  простуваат сите од тој крај, кои го познаваа како мирно и весело момче. Дел од пејачите, особено оние кои летото го поминуваат настапувајки по попуарните дебарско-рекански  свадби,  исто така за него велат дека бил прекрасен колега.

„Останаа многу свадби неиспеани. Тој беше многу познат по свадбите на нашинците од дијаспората, кои освен на одмор доаѓаа преку лето и да си направат семејна весела со родините и пријателите. Емрах пееше на најмногу, летово можеби требаше да пее на над 20 свадби. Штета за неговата младост“, велат дел од неговите колеги.