Кој од естрадата треба да добие 14.500 денари од Владата? Има ли ѕвезди кај нас или кариерата на многу кои се нарекуваат естрадни уметници зависи од свадбите? Ова денес е најпоставувано прашање меѓу нашите пејачи, по вчерашната одлуката на Владата дека на „естрадните уметници“ ќе им исплати за март и април 29.000 денари.
Прв од овие пари се откажа фолк ѕвездата Јордан Митев,, во името на сите кои живеат со минимална плата и кои во време на пандемијата можеби и останаче без работа а имаат семејства.
-Jа прочитав информацијаta и ја поздравувам одлуката на Владата што ќе помогнат на музичарите во нашата земја погодени од корона кризата. Но, чувствувам морална обврска да се оградам и да појаснам дека јас не сум на таков список, никаде не сум потпишан на таква иницијатива, ниту пак некој ме прашал за да се потпишам. Мојот личен став е следен: Срамота и нехумано е вистински естраден уметник да бара 14.500 денари помош од државата! Тој што работел добро и домаќински во нашата каква – таква професионална естрада ќе може да ја преживее оваа криза, тој што не работел добро и домаќински и пред корона кризата бил во криза и по короната пак ќе биде во криза. Таквите естрадни уметници кои што преживуваат и кои што чекаат од државата 14.500денари можеби попаметно е да си фатат постабилна и сигурна работа, а естрадата да ја остават на оние кои што можат добро да пливаат во тие води. Така ќе ни се зголеми и квалитетот и цената. Во Македонија има многу ранливи категории на луѓе, луѓе кои и пред короната работеле за многу ниски примања или немале воопшто а сега можеби се и без работа. На таквите луѓе треба најмногу да и се помогне, вели Јордан.
Јордан смета дека да се биде уметник пред се е да се биде хуман и да се помага. Секој пејач што држи до себе, што вреди, не е за 14.500 денари.
„Не знам кој барал, но навистина не е фер во вакви услови да се зема од устата на сиромашните. Факт е дека заработуваме големи пари за наши стандарди. Е сега, ако некој парите ги трошел како во казино негов проблем. Ако купувал станови, нека не зема од некој што нема ништо, туку нека си продаде стан и нека живее. Сметам дека ние треба да бидеме хумани како и секогаш. Ако им дошло до овие пари, навистина нека се вработат на друго место. Не да се декларираат како естрадни уметници“, вели Јордан и додава:
– Вака сме ставени во ист кош, а не е исто. Ние треба да бидеме хумани. Јас им посакувам на сите да имаат многу пари за живот, но сметам дека треба да се има достоинство. Ги разбирам оние што зависат од свадби, треба да им се помогне. Но, естраден уметник е нешто друго, повисока категорија и таа треба да биде заслужена и оправдана, додава пејачот.
Весна Миленковска