Диви журки, алкохол и дрога веќе нема – Маенекенката Кејт Мос сега живее со јога и здрав живот – ММС
ММС

Објавено на: 06/11/20 1:49 PM

Диви журки, алкохол и дрога веќе нема – Маенекенката Кејт Мос сега живее со јога и здрав живот

Една од најпознатите светски девојки на забавите, Кејт Мос, се смири и секој ден оди во кревет во 11 часот. И треба осум часа спиење, бидејќи во спротивно не може да функционира. Овој легендарен модел живееше бурен и скандалозен живот, а сега, како што вели за себе, конечно се смири. Кејт Мос (46), светски познатата манекенка, членка на златната генерација на манекенки од 90-тите години, ја отвори душата за Ел и откри како се зад себе нејзините диви забави и таков начин на живот. Кејт веќе две години е потполно трезна, а во најлудата фаза го доби прекарот „ The Tank“, поради нејзината голема способност да пие алкохол.

„Морам да бидам во кревет во 11 часот, да го вклучам Нетфликс и брзо да заспијам“, изјави Кејт за Ел. Поранешната манекенка објаснува како само што завршила со гледање на серијата „ ” ”Sex Education“.

„Се будам во 8 часот наутро, но ако не спијам точно осум часа, јас сум ужасна попладне“, открила Мос.

Новиот порок на Кејт е дневна доза  јога и денот го започнува со тоа, има и велосипед, но не го користи често. Нејзините долгогодишни пријатели и деловни соработници ја потврдија оваа приказна и објаснија дека сега тие многу подобро се забавуваат отколку порано, кога нивната главна рутина беше алкохол и дрога.

Таа исто така објасни како се појавил прекарот „The Tank“. Уште кога ќе се разбудела посегнувала по алкохол, а потоа на ручек и така на целиот ден. Во моментов е среќна и смета дека Животниот стил со луди забави е „завршена приказна“ за неа, и за самата себе и за нејзината ќерка Лила (17), кого се здобила во врска соЏеферсон Хак, кој и помогна многу да дојде до патот на кој е сега.

Фото: wealthypersons.com