Актерот Кирил Попхристов, попознат како Кили, со сопругата Гордана го прославија првиот роденден на внукот Круз. Со јужноамериканска музика, со трота правено по еквадорски рецепт, но со македонска емоција, сите се веселеа во чест на малиот Круз. Прославата беше во селото Олон, каде што живеат од почетокот откако се преселија во Еквадор.

Гордана, Јоана и малиот Круз
Оваа позната брачна двојка заминаа заедно со помалата ќерка Јоана, која во меѓувреме се омажи и го доби синот Круз.

Круз со мама и тато
Другата нивна ќерка, Нина Деан остана во Македонија, актерка е и неодамна и таа роди син. Плановите на семејството беа ова лето да дојдат во македонија да го видат и другото внуче, но пандемијата им ги поремети сите планови и авионските билети им пропаднаа.
https://www.facebook.com/gordana.pophristova.3/videos/10157668662758795/


