Украинскиот претседател Зеленски изјави денеска дека бил казнет парично поради кршење на мерките воведени заради спречување на ширењето на Ковид-19.Тој е казнет зашто во градот Хмељницки седел без маска со пријатели во кафуле во кое е дозволено само продажба на кафе за носење, прнеесува Би-Би-Си.
„Тие постапија правилно“, рекол Зеленски за казната, но не прецизирал колку ќе мора да плати.
Белгискиот принц Јоаким, пак, ќе плати 10.400 евра казна во Шпанија зашто отишол на забава, не почитувајќи го 14-дневниот карантин што му бил утврден при влезот во Шпанија кон крајот на мај.