Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар – Китаровиќ, е номинирана за член на Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет (МОК). Нејзиното именување, заедно со уште четири познати имиња во светот, се очекува да биде потврдено на седница на МОК што ќе се одржи на 17 јули, пишуваат хрватските медиуми.
„Се радувам и чест ми е што сум номинирана. Спортот за мене не е само страст туку и одлична прилика за промоција на темелните човекови вредности, на позитивниот натпреварувачки дух и на сјајните спортисти“, напиша на Твитер Колинда.
Од осамостојувањето на државата, Хрватска имала само еден член на Меѓународниот олимписки комитет – Антун Врдољак, од 1995 до 2011 година.