Застанал среде улица во Сплит – во возилото му влегла змија, па повикал пожарникари – ММС
ММС

Објавено на: 06/11/20 10:30 AM

Застанал среде улица во Сплит – во возилото му влегла змија, па повикал пожарникари

Не му било лесно на сплиќанец вчера кога, додека возел, видел змија во својот автомобил. Застанал насред улица во градот и повикал пожарникари.

Од противпожарната станица за „24 сата хр“ раскажале дека змијата никако не можеле да ја пронајдат и извадат. Потоа автомобилот го преместиле до куќата на сплиќанецот и чекале змијата да излезе. Но, до синоќа ја немало.

Пожарникарите велат дека змиите оваа година ги имало значително повеќе од лани.