Трамп лани сакаше да го купи Гренланд, сега САД отворија конзулат таму – ММС
ММС

Објавено на: 06/11/20 8:34 AM

Трамп лани сакаше да го купи Гренланд, сега САД отворија конзулат таму

САД  отворија конзулат на Гренланд, објави вчера државниот секретар Мајк Помпео. Намерата најверојатно е да се зголеми присуството на Вашингтон во регионот на Арктикот и во борбата за надмоќ со Русија и Кина.

„Овој потег е знак на посветеноста на САД за продлабочување на соработката со луѓето од Гренланд и со целото Кралство Данска“, вели Помпео.

Отворањето на конзулатот доаѓа откако американскиот претседател Трамп лани изјави дека сака да ја купи територијата, но неговата понуда веднаш беше одбиена. Тогаш Трамп ја откажа државната посета на Данска.

Територијата помеѓу Атлантскиот и Арктичкиот Океан е во голема мера автономна, но Данска управува со надворешните работи, одбраната и со монетарната политика. Геополитичкото значење на Арктикот расте и за него се борат најголемите светски сили.