Угледни гости од две големи ВИП забави во Белград, кои се случија минатата недела, започнаа масовно тестирање за вирусот корона, откако вчера беше утврдено дека Цеца и Вељко го имаат.
За кој знаеме дека има корона?
Водителката Душица Јаковлевиќ сè уште не демантира ниту потврдува дека го има вирусот, иако со денови се шпекулира дека е позитивна. Цеца Ражнатовиќ се огласи вчера попладне и потврди дека има корон, исто како и нејзиниот син Вељко. Фризерот на Цеца и Анастасија, Стеван Радивојевиќ, исто така, потврди дека е позитивен за вирусот.
Кој ги чека резултатите?
Миа Борисављевиќ славела роденден и гостите од кај неа допрва ќе се тестираат
Јована Јоксимовиќ, за која српските медиуми прво објавија дека е позитивна, се огласи дека, не е точно, дека ќе се тестира и штом ќе ги добие резултатите, ќе ги информира сите. Пејачката Миа Борисавјеевиќ изјави дека денес ќе знае дали е заразена, а Богдана Ражнатовиќ, како и нејзиниот син Жељко, исто така ќе ги дознаат резултатите денес.
Кој нема корона?
Анастасија Ражнатовиќ направила два теста и негативна е
Анастасија Ражнатовиќ е негативна за вирусот, а таа двапати се тестирала. Александра Пријовиќ, која била на забавата на Ражнатовиќ, откри дека е негативна, па синоќа се појави пред белградската публика на настап во еден клуб. Жика Јакшиќ, продуцентот на „Гранд“, потврди дека е негативен за вирусот.
Кој друг бил на забавата?
Маја Беровиќ чека резултати
Меѓу гостите на забавата на Ражнатовиќ биле Сања Ѓорѓевиќ со нејзината ќерка, Јована и Жељко Јоксимовиќ, Мирко Шијан, син на пејачката Гоца Божновска, со девојката Бојана Родиќ, која е сестра на снаата на Цеца, Филип Краинановиќ, Марина Вишковиќ, Маја Беровиќ, Маријана Матеус, Ацо Пејовиќ со неговата сопруга, Милош Надаждин.
Фризерот Стеван, кој потврди дека има корона, бил и на забавата и на Мија Борисављевиќ, на која исто така се собрале познати личности. Новите жаришта на коронавирусот не се само собирањата за прослави, родендени, празнувања, прослави за раѓање деца и снимање видеа. Токму фризерот Стеван Радивојевиќ, бил во сите забави во последните неколку дена. Тој неодамна снимал спот со пејачката Слаѓа Алегро.
Слаѓа Алегро чека резултати од тестирањето
– Мојот сопруг и јас се тестиравме, но и нашата ќерка и возачот. Засега се чувствуваме добро. Ние не го обвинуваме Стеван, затоа што тој се чувствуваше лошо утрото, по прославата и веднаш отиде на тестирање кога откри дека е позитивен за коронавирусот. Кога ќе ги добиеме резултатите, нема да се криеме,ќе објавиме дали сме позитивни – рече Миа за „Ало!“. Нејзината колешка Марина Вишковиќ, која бела со фризерот во друштво на роденденот исто така ќе се тестира.
– Ќе се тестирам и покрај тоа што немам симптоми, мислам дека треба да се биде одговорен, пред се за моето семејство. Наскоро е роденден на ќерка ми Мила, не би сакала да ризикувам и воопшто да загрозам било кој – рече Слаѓа Алегро.
За Јована Јоксимовиќ објавија дека е позитивна, но таа демантираше, со Жељко денес ќе се тестираат
Извор: alo.rs/blic.rs