Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји синоќа телефонски разговарал со лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Теми, како што објави Вархеји на Твитер, биле здравствените, политичките и економските случувања во земјава и за состојбата со Ковид 19.
– Вечерва разговарав со лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за да ја нагласиме важноста за слободни, фер и инклузивни избори во Северна Македонија, земајќи ја предвид ситуацијата со Ковид-19, како и потребата од ефикасни мерки за економско закрепнување, напиша синоќа Вархеји на Твитер.
Освен објаваниот кус твит, Вархеји не открива повеќе детали од разговорите со Заев и Мицкоски