Времето денеска, според прогнозата на УХМР, ќе биде сончево со умерена облачност, попладне на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Максималната температура до 29 степени. УВ=7.
Слично време ќе имаме и во следните денови. Во претпладневните часови ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните ќе има локална појава на дожд, грмежи и засилен ветер.