Сега ќе видиме кој е ѕвезда, кој не: Владата ќе ја помага естрадата со по 14.500 денари за два месеци – ММС
ММС

Објавено на: 06/10/20 9:33 PM

Сега ќе видиме кој е ѕвезда, кој не: Владата ќе ја помага естрадата со по 14.500 денари за два месеци

На денешната 64-та седница на Владата донесена и Уредба со законска сила за финансиска поддршка на естрадните уметници за време на вонредна состојба, за уредување на условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на естрадните уметници погодени од здравствено -економската криза предизвикана од коронавирусот Ковид-19, за месеците април и мај 2020 година.

Предмет на финансиска поддршка е исплата на финансиски средства за месеците април и мај година, во месечен нето износ од 14.500 денари, а за исполнување на критериумите за користење на оваа финансиската поддршка ќе одлучува посебна комисија во која ќе членуваат истакнати естрадни уметници.

Побаравме мислење од одговорните во Здружението на естрада на Македонија, за тоа кои се тие истакнати естрадни уметници кои ќе добијат паричен надоместок, но и кои ќе бидат членови на посебната комисија, но од таму ни река дека за членовите ќе се знае овие денови.

-Големите ѕвезди си имаат свои продукциии не се во списоков, овде спаѓаат естрадни уметници, односно вокални изведувачи и инструменталисти кои не се згрижени на никаков начин. Ова не важи за оние кои не се членови на Здружението на естрадни уметници, велат од таму.