И претставничката на Светска банка не успеа да ја убеди – заменичката министерка за финасии одби да го потпише заемот – ММС
ММС

Објавено на: 06/10/20 7:37 PM

И претставничката на Светска банка не успеа да ја убеди – заменичката министерка за финасии одби да го потпише заемот

Владата на денешната седница, со цел да се одблокира потпишувањето на договорот со Светска Банка за поволен заем во висина од 90 милиони евра од страна на дополнителната заменик-министерка за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, организираше расправа, на која како гостин учествуваше и претставничката на нашата земја во Светска Банка Нина Фити-Неделковска, соопшти прес службата на Владата. Претставничката на Светска банка објаснила дека одолговлекувањето на потпишувањето на договорот ја става во ризик долгодишната соработка меѓу банката и нашата земја, особено во делот на исклучително доброто искуство во финансиската поддршка на социјалните и општествено одговорните политики во последните неколку години.

-Аргументите изнесени на седницата, како и исклучителниот јавен интерес за потпишување на овој поволен аранжман со Светската Банка, според кој средствата во висина од 90 милиони евра се наменети за зајакнување на капацитетите на здравството за справување со КОВИД-19, за набавка на медицинска опрема, за финансирање на придонесите за здравствено осигурување за невработените и за ранливите групи, за финансирање на привремената поддршка за невработените со обезбедување паричен надоместок за оние што ги изгубиле работните места во кризата, за привремената социјална помош на посиромашните граѓани кои пред кризата не ги исполнувале условите, како и за поддршка за работниците што биле одјавени од нивните работодавачи и кои добиваат надоместоците од осигурување во случај на невработеност, не беа доволни за дополнителната заменик-министерка за финансии Димитриеска-Кочовска, соопшти Владата.

Заменичката министерка вели дека кога се работи за проектно финансирање потребно е да се има јасни пресметки врз основа на кои ќе се бара заемот.

„Во оваа конкретна ситуација, ние зборуваме за финансирање на проекти. Документот ми беше доставен на 28 април и кога го доставија документот, тие имаа еден лист за труд и социјално осигурување за 54 милиони евра и исто така еден за здравствена установа за потребните 34 милиони евра. Тоа беше причината зошто побарав дополнително објаснување за тоа за што ќе се трошат парите. Светската банка може да знае, но не знам. И тука требаше да се спомене повторно дека зборуваме за проект, финансирање на проект и кога имате финансирање на проект треба да имате јасни пресметки за кои ги барате средствата“, рече техничката заменик-минситерка Димитриеска-Кочовска.