Популарната актерка Јелена Јованова вчера стана мајка. Таа во болница во Загреб во 14 часот родила син.
Блиски на семејството за mms.mk велат дека и мајката и бебето се чувствуваат добро и дека во опција за името на бебето се две варијанти и дека Јелена сама ќе каже како ќе се вика.
Денес, пак, стаса информацијата дека двете опции за име на бебето биле Јован или Јаков, но дека среќните родители Јелена и нејзиниот сопруг, хрватскиот актер, Стјепан Периќ, се одлучиле да го крстат Јаков.
Пред десетина дена таа за mms.mk во интевју зборуваше за состојбата на текстилните работнички и рече дека во моментов ја поправаат куќата во Загреб, која беше оштетена во земјотресот. Дека се брзаат да ги поправат работите, бидејки уште малку па ќе се занимава со друга работа.
Јелена во 2015 година се омажи за хрватскиот колега Стјепан Периќ, со кој се запознаа на заедничкото снимање на серијата „Тајни“. Нивната венчавка без многу помпа се случи во Загреб.
https://www.instagram.com/p/BmNpaDXnXki/?utm_source=ig_embed