Во текот на вчерашниот ден околу 19.00 часот во СВР Штип било пријавено дека во Домот за бездомни лица, на место викано „Мирјанина црква“, атар на општина Штип, во својата соба била пронајдена почината Д.К.(44) од Штип, која неколку години престојувала во домот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено на семејството.
Од штипската полиција велат дека неосновани се шпекулациите кои се проширија низ градот дека смртта не жената била сомнителна , дури и дека била позитивна на ковид 19.