„Вечните ривали“ по јубилеен 200-ти пат: Партизан ја пречекува Ѕвезда за финале во Купот на Србија – ММС
ММС

Објавено на: 06/10/20 3:39 PM

„Вечните ривали“ по јубилеен 200-ти пат: Партизан ја пречекува Ѕвезда за финале во Купот на Србија

Денес од 20 часот на „ЈНА“, во рамките на полуфиналето на Купот на Србија, по јубилеен 200-ти пат се судираат „вечните ривали“ Партизан и Црвена Ѕвезда. Влогот е голем, бидејќи се игра само еден одлучувачки натпревар пред финалето на натпреварувањето. Точно 162 меѓусебни мечеви во лигата и уште 38 во купот, имаат одиграно овие великани.

-Нема никакви очекувања во дерби, мораш да бидеш вистинскиот, како да се последен меч. Се надевам дека ќе приредиме изненадување, во дерби тие се можни. Се надевам дека ние ќе бидеме тие кои ќе го приредиме изненадувањето, бидејќи ќе излеземе храбро и подготвено, изјави тренерот на „црвено-белите“, Дејан Станковиќ.

Црвена Ѕвезда минатата недела ја оконча титулата во Српската прва фудбалска лига, чија сезона беше исполнета со низа контроверзии, додека пак Партизан од втората позиција на табелата е се уште во активна борба за зачувување на местото кое води во Европа Лига.

Ова ќе биде трета меѓусебна средба на Партизан и Ѕвезда сезонава. Партизан во „Хумска“ забележа победа од 2-0, а на „Рајко Митиќ“ мрежите мируваа.

-Во претходното дерби во „Хумска“ резервирстите ни донесоа победа. Се согласувам дека Ѕвезда подобро го започна минатото дерби, беше поагресивна, но нема да ви откријам сега како ние ќе почнеме, вели Саво Милошевиќ.

Ѕвезда е без победа над лутиот ривал во последните три меча, бидејќи Партизан славеше во минатосезонското финале на купот и тоа на сред „Рајко Митиќ“, со голот на дефанзивецот на „црно-бели“, Бојан Остојиќ.

-Натпреварот заслужува таков амбиент, без разлика на нечии други размислувања, тоа е меч кој треба да го претставува српскиот фудбал во Европа и светот. Ако утре биде полн стадионот, тоа е причина повеќе да се презентира пред јавноста најдоброто од српскиот фудбал, додаде поранешниот играч на Партизан и Астон Вила, Милошевиќ.

Во дербито, каде што формата и актуелната позиција на табелата станува ирелевантна, Ѕвезда има низа од 24 натпревари без пораз во домашните натпреварувања, додека пак Партизан минатиот викенд во домашната лига загуби на гостувањето во Суботица од домашниот Спартак.

Во последните пет сезони, Партизан дури четири пати го освои трофејот во купот, а само еднаш Чукарички во 2015 година му го расипа скоро перфектниот учинок.

На денешната претстава на „ЈНА“ се очекуваат до 25.000 навивачи.