Цеца позитивна на Корона – ММС
ММС

Објавено на: 06/10/20 3:23 PM

Цеца позитивна на Корона

На фолк звездата Цеца Ражњатовиќ вчера прво и бил направен серолошки тест со крв од вена, кој покажал дека пејачката е негативна. Меѓутоа, по тој тест таа направила и ПЦР тест, што значи дека и се земени примероци од брис од грло и нос и денес резултатот покажа дека Цеца, сепак, е позитивна на корона вирус, пишуваат српските медиуми.

Цеца одлучила прв пат да се тестира откако на семејната прослава, по повод раѓањето на внукот, била во контакт со заразената личност. Таа немала никакви симптоми и добро се чувствувала.

Српските медиуми пишуваат дека позитивен на Коорона е и нејзиниот син Вељко, кој минатата недела стана татко.

-На повторениот тест Вељко и јас сме позитивни. Се чувствуваме добро, немаме никакви симптоми. Ќе бидеме во домашна изолација до повотрното тестирање, изјавила Цеца за nova.rs

На прославата, по повод раѓањето на малиот Жељко, биле и дел од познати пејачки имиња на српската естрада. Меѓу гостите биле Сања Ѓорѓевиќ со ќерката, Јована и Жељко Јоксимовиќ, Мирко Шијан са Бојаном Родиć, водителката Душица Јаковлјевиќ, Филип Крајиновиќ, Марина Висковиќ, Александра Пријовиќ, Маја Беровиќ, Маријана Матеус, Ацо Пејовиќ и сопругата.