Најмалку една жена е убиена, а 14, меѓу кои жени и деца, се повредени во експлозија на две бомби во ирачкиот град Киркук, соопшти војската на Ирак.
– Првата импровизирана направа е активирана во близина на џамија кај пазарот, додека втората во близина на кафулињата, соопшти полицијата.
Според информациите на војската, една ракета е испукана кон училиште, но нема повредени.
Извор: МИА