Ич не ми е гајле, ниту читам ниту слушам кој што зборува, вели епидемиологот Жарко Караџоски – ММС
ММС

Објавено на: 06/10/20 1:07 PM

Ич не ми е гајле, ниту читам ниту слушам кој што зборува, вели епидемиологот Жарко Караџоски

Македонскиот медиа сервис го контактираше епидемиологот Жарко Караџоски, со намера да се слушне и неговата страна по последниот прес, кога целата јавност  на социјалните мрежи за виновник го прогласија него и Комисијата за заразни болести. Уште речиси непоставено првото прашање околу случувањата и нападот врз него на социјалните мрежи, тој не прекина со зборовите:

-Ич, не ми е гајле кој и што пишува и кој и што зборува. Ниту читам ниту ги слушам коментарите. Ако сметаат дека јас сум виновен, нека сметаат. Ај пријатно!“, ни рече тој.

Македонскиот медиа сервис со оглед на неговото 26 годишно искуство како епидемиолот и како дел од Комисијата за заразни болести, имаше намера да му постави само неколку прашања за Комисијата, која работи под притисок а сепак се стручни лица. Потоа како издржуваат и колку се исцрпени, бидејки веќе четврти месеци се на првата борбена линија и работтат 24/7. И како  тој лично, здравствено се чувствува заради работните обврски.