Почина штипјанец од ковид 19 – ММС
ММС

Објавено на: 06/10/20 12:35 PM

Почина штипјанец од ковид 19

Пациент на 86-годишна возраст од Штип, болен од коронарна вирусна инфекција и обострано воспаление на белите дробови, почина денеска 7:30 часот, соопшти Клиничката болница од Штип.

-На одделението за Инфективни болести беше примен на 26.05.2020.Со оглед на возраста истиот имаше и коморбидитети. И покрај преземените тераписки мерки според протокол за лекување на тие пациенти, следеше влошување на здравствената состојба која заврши со лош исход, соопштува Клиничката болница.

Возило на погребално претпртијатие со возач целосно заштитет со скафандер и друга опрема забележавме денеска околу пладне на пат кон болницата.

Според информацијата од Јавното претпријатие „Исар“, кое стопанисува со градските гробишта, починатиот со возило на погребално претпртијатие е преземен од болницата и право е погребан.

Ова беше и првиот погреб на лице починато од ковид во Штип.