ОФИЦИЈАЛНО: Саша Обрадовиќ на кормилото на Црвена Ѕвезда – ММС
ММС

Објавено на: 06/10/20 11:46 AM

ОФИЦИЈАЛНО: Саша Обрадовиќ на кормилото на Црвена Ѕвезда

Поранешиот тренер на француски Монако и кошаркар на тимот од „малиот Калемегдан“, Саша Обрадовиќ, од денес и официјално е тренер на Црвена Ѕвезда. Тој потпиша двогодишен договор со можност за продолжување на уште една година.

-Јас се сметам себеси како дел од овој клуб, дел од историјата на Црвена Ѕвезда. Верувам дека во сиве овие години како тренер, како играч и како личност, заслужив да станам главен тренер на Црвена Ѕвезда. Свесен сум за очекувањата, но не се плашам. Ментално и физички сум подготвен да се соочам со поставените цели, изјави Саша Обрадовиќ на денешната прес-конференција.

Белградскиот клуб претходно отпушти искусниот Драган Шакота, кој беше трет тренер на Ѕвезда сезонава.

-Ќе играме агресивна, модерна кошарка, на двете страни од теренот. Некои велат дека повеќе сум фокусиран на одбрана, што е далеку од вистина. Модерната кошарка бара голем труд на двата краеви од игралиштетот. Мораме да креираме што е можно подобар тим кој ќе биде компетитивен и во Евролигата и во АБА лигата и во српското првенство.

Обрадовиќ кариерата ја започнува во 1987 година во Црвена Ѕвезда.