Руското Министерство за развој на Далечниот исток и Арктикот објави снимка на изградениот мост преку реката Амур, помеѓу градовите Благовешченск во Русија и Хејхе во Кина. Изградбата на првиот мост за патен сообраќај што ги поврзува Русија и Кина почна во декември 2016 година.
Поради пандемијата на коронаирусот и затворањето на границите, отворањето на мостот што требаше да се случи во мај годинава е одложено за по укинувањето на рестриктивните мерки.
Мостот е подолг е од еден километар, а широчината му е 11 метри.
https://twitter.com/i/status/1270467041712103424


