„Онур, уживај во детството, биди среќен и продолжи да се смееш!“ Ова на малиот Онур му го посака министерот Венко Филипче и додаде:
-Деновиве, нашиот јунак Онур го испративме дома од хемато-онколошкото одделение од Клиниката за детски болести. Онур уживај во детството, биди среќен и продолжи да се смееш! Го славиме животот со сите деца кои го победиле ракот, тоа се нашите јунаци, непобедливи. Оваа недела е посветена на сите кои го победиле карциномот, напиша тој.
Убаво е да се слушнат среќни вести за оздравени и насмеани луѓе. Особено оваа недела во која се прославува Меѓународниот ден на преживеаните од канцер. Во светот се одбележува секоја прва недела од јуни, а овојпат светот го одбележуваше во неделата, на седми јуни.
Од Детската клинка исто така го поздравија оздравувањето на Онур.
„Оваа недела е посветена на сите кои победиле карцином! Повеќе од 32 милиони лица се преживеале рак низ целиот свет – сите знаат некој чиј живот е допрен од карцином.
#CelebrateLife Го славиме животот со сите деца кои ја победиле оваа битка, тоа се нашите јунаци, непобедливи. Деновиве уште еден наш јунак го испративме дома, долго бевме заедно на одделенето за хемато-онкологија“, велат од Клиниката.
https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/556026581948034/