На тримесечната пауза во фудбалот конечно му се наѕира крајот, фудбалските првенства полека се подготвуваат за враќање на зелените терени. Италијанските фудбалски натпреварувања започнуваат уште овој петок со реванш дуелите од полуфиналињата на италијанскиот куп. Јувентус му е домаќин на Милан, а Наполи на нашиот Елмас се среќава со милански Интер.
По тој повод, македонскиот репрезентативец ќе ги промовира специјално дизајнираните копачки од кои застанува здивот. На нив се наоѓа ликот на Елиф Елмас на една половина, во комбинација со лавовска глава, а во позадина мотиви на знамето на Македонија.
Во првиот меч на „Џузепе Меаца“, наполитанците го совладаат тимот на Антонио Конте со 0-1 и со предност од еден гол се враќаат на „Сан Паоло“.