Шпекулација е дека во изолација е раководството на ВМРО ДПМНЕ во Штип – ММС
ММС

Објавено на: 06/10/20 9:26 AM

Шпекулација е дека во изолација е раководството на ВМРО ДПМНЕ во Штип

Деновиве, по хоспитализирањето на еден од членовите на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Штип и советник во Советот на Општината, излегоа информации дека во самоизолација се неколку луѓе од раководството, коисе среќавале со заболениот колега.

Меѓутоа, координаторот Иван Јорданов ги демантираше овие информации, со образложение дека поради пандемијата, подолго време немаат заседавано како раководство.

-И до нас стигнаа такви информации, меѓутоа, не сме се среќавале со почетокот на пандемијата. На нашиот член му посакуваме побрзо оздравување, изјави Јорданов.

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ пред денешната седница на Советот на Општината Штип упати барање за свикување на итна вонредна седница ова тело да расправа за состојбата со ковид 19 во опшината.

Во барањето за итна вонредна седница, советничката група на ВМРО ДПМНЕ пишува дека е загржувачки растот на заболените од ковид 19 во последните 7-10 дена во текстилната индустрија, поради што се инсистира преку квалитетна дискусија за да се разгледа состојбата.

-Да добиеме неопходни информации од соодветни органи и врз основа на издржани предлози ќе донесеме соодветни одлуки, со кои ќе придонесеме за подобрување на моменталната ситуација, бараат од советничката група на ВМРО ДПМНЕ од Штип.