Советник од кабинетот на министерот Чулев позитивен на КОВИД-19 – ММС
ММС

Објавено на: 06/10/20 9:19 AM

Советник од кабинетот на министерот Чулев позитивен на КОВИД-19

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска на својот Фејсбук профил информираше дека советник од неговиот кабинет е позитивен на Covid 19.

-Советникот не се инфицирал додека извршувал работни задачи, односно додека бил на работното место. Последен пат бил на работа на 2 месецов, а тестот го направил на 6 месецов, кога е потврдено дека е позитивен, пишува на ФБ Чулев.

Последната негова средба со ова лице била на 24 минатиот месец. Досега ниту едно лице од Кабинетот на министерот не е во изолација.