Четворка-близнаци од БиХ: Завршија исто средно училиште, сега се запишуваат на ист факултет – ММС
ММС

Објавено на: 06/10/20 8:56 AM

Четворка-близнаци од БиХ: Завршија исто средно училиште, сега се запишуваат на ист факултет

Селма, Белма, Емрах и Алмир Мамеланџија, по завршувањето на Средното техничко училиште во Травник, сега сакаат да станат градежни инженери. Како одлични ученици, добија понуда за стипендија на Факултетот за технички студии во Травник.

„Секако дека, откако завршивме иста насока во средното училиште, ќе се обидеме заедно да се запишеме на ист факултет и да полагаме заедно. Многу интерено е да се биде близнак кога училиштеот е во прашање. Ако некој знае повеќе за нешто, го споделува со другите, но тоа не сме го злоупотребувале“, велат Белма и Селма.

Тие се од селото Шешиќи. Истакнуваат дека животот не им бил едноставен и лесен зашто само татко им бил вработен, па сите работеле и земјоделски рабои и, сепак, имале се’ што им е потребно, пишува сараевски „Аваз“.