Турскиот микро-скуптор Неџати Коркмаз по речиси шестмесечна работа, користејќи керамика, изработи шах со должина од девет милиметри, пишува агенцијата Анадолија.
Во екот на пандемијата на Ковид-19, Коркмаз изработи и скулптура на лекар од само 2 милиметри, оддавајќи им почит на медицинарите кои беа најистакнати во борбата против коронавирусот.
Коркмаз по речиси шест месеци успеа да изработи и шаховска табла со фигури. По шест часа дневно тој работеше со микроскопските игли за да ја изработи шаховската табла и фигурите од ќерамика, кои се со димензии од 1,5 до три милиметри.
Во разговорот со новинарот на АА, Коркмаз рече дека шах може да се игра на таа минијатурна плоча, но само со помош на лупа и тенки пинцети.
„За оваа работа потребно е големо трпение. Вложен е голем труд, бев упорен, но вредеше, бидејќи финалниот производ е тука“, рече Коркмаз.
Истакнувајќи дека минијатурната шаховска табла ќе ја пријави за влегување во Гинисовата книга на рекорди, Коркмаз рече веќе започнал да ја подготвува пријавата.
„Изработив минијатурна табла од околу 9 милиметри. Досега најмалата изработена шаховска табла есо димензии од 15,5 милиметри и изработена е од еден уметник од САД. Таа е речиси двојно поголема од мојата табла. Сакам да го урнам рекордот и да го донесам признанието во Турција“, рече Коркмаз.
Името на Коркмаз го носи и Центарот за уметности во Кушадаси во кој се изложени повеќе од 40 негови минијатурни дела.
.