Погреб каков што Хрватска не памети: Оставил тестамент да го погребаат со свирачи, турбо-фолк песни, оро… – ММС
ММС

Објавено на: 06/10/20 8:43 AM

Погреб каков што Хрватска не памети: Оставил тестамент да го погребаат со свирачи, турбо-фолк песни, оро…

Хрватска не памети такво испраќање на покојник – со жива музика, песна, игра. Покојниот И.Ј. од Стризивојно, Славонија, кој долги години бил на работа во странство, со тестаментот од своте три деца побарал на „оној свет“ да го испратат весело, со жива музика и турбо-фолк хитови, со тоа што прво мора да се исполни песната на Зорица Брунцлик, „Откопчано елече“.

Иако имало негодување кај наследниците, сепак, морале на тој начин да се испратат од таткото. Покојниот, поради законските мерки поврзани со коронавирусот, бил погребан на локалните гробишта во присуство на најблиските, но веднаш потоа се собрал многу народ во ресторан во Ѓаково.

Како што пренесува „Глас Славоније“, на „церемонија во ресторанот“, првин биле исполнети десетте побарани песни од покојниот.

„Низ ресторанот се прошета и службеник чија обврска беше да види дали церемонијата е според правилата што ги напишал покојниот во тестаментот“, пишува „Глас Славоније“.

Жителите а Стризивојно за својот починат сожител имаат само убави зборови – бил добар човек и домаќин, живеел со сите. Долго работел во Германија и стекнал германска пензија.