Газди и вработени во ресторани во Русија се соблекуваат голи поради забраната за работа на локалите – ММС
ММС

Објавено на: 06/10/20 8:37 AM

Газди и вработени во ресторани во Русија се соблекуваат голи поради забраната за работа на локалите

Сопственици и вработените во рестораните и кафулиња во Русија се соблекоа голи, незадоволни што сè уште не им е дозволено да работат поради епиддемијата на „Ковид-1“, пренесува „Мондо“.

Сопствениците и вработените во стотици кафулиња и ресторани во Русија ги објавуваат своите голи фотографии на социјалните мрежи, а само нивните интимни делови се покриени, во знак на протест што надлежните се’ уште не им дозволуваат да ги отворат угостителските објекти.

„Голи сме затоа што останавме без ништо“, вели Артур Галајчук, сопственик на ресторан во Казањ, со позираа 20 други вработени.

На рестораните во Русија ќе им биде дозволено да ги отворат бавчите од утре, 11 јуни, по двомесечната забрана за работа.