Водечката експертка на Светската здравствена организација се обиде да ги расчисти „недоразбирањата“ по вчерашната изјава која беше сфатена како сугестија дека асимптоматските случаи ретко го пренесуваат коронавирусот.
Марија Фан Керкове, која ја предводи техничката асистенција во справувањето со пандемијата, појасни дека нејзината изјава се однесувала само на неколку студии, а не на целосната слика за коронавирусот.
Неколкминау експерти реагираа на вчерашната изјава на Фан Керкове со оценка дека таквиот став би можел да им отвори проблем на владите кои се обидуваат да ги намалат ограничувањата.