Променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. УВ=7. Максималната температура до 31 степен. Такава е прогнозата на УХМР за денеска.
Во наредните денови претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на дожд и грмежи. Температурите слични на денешната.