Некои од заразените со вирусот корона воопшто не кашлаат, додека други завршуваат на респиратори или умираат? Поради таквиот карактер на вирусот, тешко е да се процени колку луѓе се навистина заразени, односно колкумина од нас веќе стекнале имунитет. Германски и норвешки научници анализирале како инфекцијата напредува во однос на крвната група на пациентот. Наодите се зачудувачки, иако студијата беше објавена како т.н. отпечаток – сè уште не ги поминала проверките и критиките на научната заедница.
Експерти од Универзитетот Кил и Универзитетската клиника во Осло го испитаа протокот на болеста кај 1.610 пациенти, кај кои короната предизвикала сериозни респираторни проблеми. Пациентите се од Италија и Шпанија, две европски земји кои се сериозно погодени од епидемијата. Некои од нив починаа.
Споредувајќи го ДНК-материјалот на овие пациенти со примероци од крв од 2.205 здрави луѓе, се покажа дека луѓето со крвна група А имаат поголем ризик од заболување од тешка форма. Двојно е веројатно дека заразеното лице со крвна група А ќе заврши на респиратор во споредба со заразено лице со крвна група 0. Групите Б и АБ се некаде помеѓу нив.
Помош во развојот на терапијата
Групата А е најчестата крвна група во Европа (43% од луѓето во Германија), проследена со нула (41 %), потоа Б (11%) и конечно АБ (5% )
Доколку се потврди резултатот од студијата, знаењето може да помогне во развојот на терапијата. Одамна е познато дека разни болести различно влијаат врз луѓето во однос на нивната крвна група. На пример, пациенти со група О ретко страдаат од маларија, додека групата А има најдобар имунитет против чума. До сега, истражувачите редовно започнуваа од „загрозени групи“ на пациенти, за такви ги сметаат старите лица и хронично болните, а врз основа на некои студии и пушачите. Со крвните групи, равенката на вирусот станува уште покомплицирана.
Извор: dw.com