„Стоп корона“ ќе мора да ја инсталира секој кој ќе биде во самоизолација – ММС
ММС

Објавено на: 06/9/20 6:52 PM

„Стоп корона“ ќе мора да ја инсталира секој кој ќе биде во самоизолација

 Владата денеска ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Инспекцискиот совет и Финансиската полиција да изготват посебни акциски планови за контрола и за спречување на отстапувањето на мерките за заштита, како и санкционирање на секое непридржување до донесените мерки.
Во врска со оваа точка, Владата заклучи Државниот здравствен и санитарен инспекторат во секое решение за изолација што ќе биде донесено да стои дека е задолжително инсталирање на апликацијата СтопКорона заради поголема прегледност и контрола со цел превенција на ширењето на коронавирусот. Секое прекршување на одредбите од решението за изолација ќе биде санкционирано со државен карантин.