Во Пробиштип четири нови случаи на коронавирус – ММС
ММС

Објавено на: 06/9/20 6:23 PM

Во Пробиштип четири нови случаи на коронавирус

Во Општина Пробиштип денеска има четворица новозаразени со коронавирусот, истите се од скринингот за тестирање што беше спроведен во конфекција во Општина Штип, во самоизолација моментално има 60 лица, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов.
–  Инспекциските служби во нашата општина во делот на почитување на протоколите во јавниот превоз и производствените капацитети бележат дека истите се почитуваат, но се испраќа апел до вработените за почитување на мерките при носење маски и одржување на дистанца како за време на работа, така и за време на паузите, рече Анастасов.
Забележа дека Органот за внатрешни работи Пробиштип го известил дека генерално се почитуваат мерките, но има четири прекршувања на полицискиот час изминатиов викенд и повеќе  издадени платни налози за неносење на заштитна маска за лице.
– Почитувани сограѓани, без разлика што бројот на заразени во нашата општина се зголеми, состојбата сѐ уште не е алармантна и не спаѓаме во општините кои се ризични, за да ова остане така, за што е можно побрзо да ја надминеме оваа состојба, секој еден граѓанин со свој пример треба совесно да се однесува и да ги почитува мерките за заштита, а со тоа да ги заштите и останатите, вели Анастасов.