Француската најдобра фудбалска лига, беше една од првите која го суспендираше целосно првенството и ги констатираше актуелните позиции на табелата до моментот на прекинувањето на сезоната во март. Со тоа, Париз Сент Жермен и офиијално беше крунисан како шампион во „Ligue 1“, а Рен и Олимпик Марсеј се квалификуваа во Лигата на шампионите.
Поранешниот освојувач и традиционален учесник во најквалитетното клупско европско натпреварување, извиси, но таква одлука ја спореше на суд. На суд се најдоа и Амиен и Тулуз, тимовите кои во моментот на прекинувањето на сезоната беа на последните две места во лигата. Тоа значеше дека тие од следната 2020/21 сезона ќе играат во втората француска лига.
Сепак, се случи неочекуван пресврт и поинаков развој на настаните. Националниот суд во Франција ја блокира одлуката на Француската фудбалска федерација и со тоа Амиен и Тулуз ги спаси од испаѓање во втората лига.
Останува да видиме дали и останатите екипи кои ја оспорија одлуката пред највисоките судски инстанци, ќе добијат позитивни вести, но останува да видиме каков ќе биде форматот во „Ligue 1“ во следната сезона.