ЕГЗИТ во август со најмалку 20 сцени, интересот за влезниците огромен – ММС
ММС

Објавено на: 06/9/20 3:34 PM

ЕГЗИТ во август со најмалку 20 сцени, интересот за влезниците огромен

ЕГЗИТ ќе се одржи од 13- 16 август на дури 20 сцени и зони низ целата Петровардаринска тврдина, на површина од најмалку од 90 отсто од вообичаениот капацитет, потврдија денес организаторите.

Од организацијата на фестивалот соопштија дека интересот за влезниците е огромен, откако после три месеци повторно „оживеја“ продажбата.

„Посетителите од земјите во регионот веќе сега е извесно дека ќе ги надминат бројките од сите предходни години, а како што се отвораат земјите на Европската унија, така расте и интересот и во најблиските земји до Србија како Унгарија, Австрија, Германија, Чешка, Романија, Бугарија, Грција и други “ , велат од тимот на ЕГЗИТ.

Моментално во продажба се последните 25 отсто од влезниците за сите четири дена.

Главната сцена ќе биде на вообичаеното мессто на централното плато на Долниот град на Петровардаринската тврдина, и како што посочуваат организаторите, подготвена е за спектакуларните настапи на светските, и регионалните суперзвезди.

Фестивалот е меѓу ретките со две главни сцени, а втората е секако MTS Dance Arena, најголемата и според многумина најспектакуларната сцена на електронската музика на светот, која и ова лето ќе функционира во полна пареа.

Тука ќе бидат и No Sleep bina, Latino Stage, Beats Bina, , XBass Pit, Urban Bug, Guarana AsFM и Gaia Experiment Trance Stage…

Како што и предходно беше најавено, фестивалот ќе постапува во склад со званичните мерки, пропишани од здравствениот тим на Владата на Србија, како би сите посетители, изведувачи и членови на тимот кои ќе учествуваат во организацијата биле максимално заштитени.

Фестивалските фанови кои набавиле влезници пред обновувањето на продажбата, ќе можат да одлучат дали сакаат да ги искористат своите влезници за августовското издание на фестивалот, да ја заменат за наредната година или средствата да им бидат рефундирани во состав со условите кои Владата ги пропишала за сите случувања одложени заради пандемијата, а за што ќе бидат известени на време.

 

извор : rtv. rs