По паузата од три месеци, виртуелното менаџирање на имагинарниот тим од Премиер Лигата, во светски познатата игра „Fantasy Premier League’’, повторно се враќа помеѓу фановите. Прекинот на фудбалската сезона поради пандемијата на коронавирусот, ги принуди и играчите на „Фантази“ за момент да заборават на возбудливите случувања кои ги носи самата игра и трката за што подобар пласман во приватните лиги и конечната листа на глобално ниво.
Правилата остануваат исти, мали корекции и новини се внесени, со оглед на нецелосните кола и долгата пауза:
-Останатите натпревари од сезонскиот календар се алоцирани во нови играчки рунди
-Секоја следна рунда, односно коло, ќе се забележува со „+“ (на пример: GW30+, GW31+)
-Првото коло по паузата (GW 30+) ќе се рачуна како дупло, бидејќи во средата на 17 јуни лигата ќе се рестартира со заостанатите мечеви од пред паузата, Астон Вила – Шефилд Јунајтед и Манчестер Сити – Арсенал, а викендот ќе се изигра целосното коло со десетте меѓусебни пресметки
-Менаџерите нема да имаат ограничување при правењето на трансфери и тоа без да се искористи „вајлдкартата“ (тоа ќе важи исклучиво за 30+ колото)
-Цените на фудбалерите нема да бидат сменети до завршувањето на 30+ колото
-Сите неискористени „чипови“ или „вајлдкарти“ ќе останат достапни за користење како што беше и пред паузата
-„Трипл кептејн“, „Бенч буст“ и „Фри хит“, исто така ќе бидат достапни за 30+ колото
Имате уште осум дена да го сортирате својот тим, бидете внимателни и размислувајте долгорочно. Во секој случај, забавувајте се и со среќа.