Сопственик и управител на правно лице М.А (46) од Скопје издал „Дозвола за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа“ и покрај тоа што лицето немало регистрирано ноќна работа. Ваквата дозвола лицето Х.Х (56) од Скопје ја искористил и во два наврати бил сопрен и контролиран од полициски службеници, при што како доказ дека легално се движи и дека поседува дозвола за движење на увид им ја приложил дозволата за движење поради вршење на сменска и ноќна работа“.
Против двете лица се поднесени кривични пријави од СВР Скопје- Единица за економски и компјутерски криминал. Кривична пријава против М.А е поднесена поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „фалсификување службена исправа“, а против Х.Х поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.