Состојбите во туристичко-угостителскиот сектор во моментов и мерките кои Министерството економија и Владата ги превземаат за справување со кризата биле главни теми на состанокот на Министерот за економија Крешник Бектеши со претставници на туристичко- угостителскиот сектор. На состанокот присуствуваше и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски.
– Неопходно е да се донесат протоколи за работа на хотелите, велат претставниците од туристичко-угостителскиот сектор.На ова барање од Министерството за економија велат дека препораките ќе бидат доставени од Европската комисија до Комисијата за заразни болести за носење на мерките.
Дел од барањата на туристичко-угостителскиот сектор се отварање на авто-камповите и носење на протокол за работа на истите, отварање на плажите, како и ресторани за свадби и игротеки.
Министерот Бектеши претставвниците на туристичко-угостителските комори ги информираше за реализацијата на донесените мерки за поддршка на секторот, кои се дел од третиот сет на економски мерки на Владата.
Бектеши информираше дека од почетокот на здравствено економската криза за поддршка на туристичко-угстителскиот сектор на предлог на Министерството за економија се донесени уредби меѓу кои Уредба за издавање на ваучери за туристичките агенции, потоа Уредба за продолжување на рокот на решението за категоризација на угостителски објекти за време на вонредната состојба .Ќе се продолжуваат и лиценците за угостителските објекти кабареа , диско клубови и ноќни барови Ќ.е се издаваат ваучери од 6.000 денари за работници со ниски приходи и платежна картичка од 3.000 денари кои граѓаните ќе може да ги користат за домашен туризам.
Министерот информираше дека подготвена е и Програмата за субвенција за кофинансирање на конференции и настани во висина од 50% а најмногу до 30.000 денари, како и Уредбата со која се олеснуваат условите за категоризација на угостителските објекти за сместување кај физички лица и намалување на бројот на комисијата за категоризација од 13 на 5 члена со вклучување на член од приватниот сектор.
Бектеши упати порака до туристичко- угостителскиот сектор дека мерките кои Министерството за економија и Владата ги има донесено за помош на најпогодените сектори ќе продолжат да се реализираат се додека трае кризата.