Медицинска сестра од Инфективното одделение од Клиничката болница од Штип е позитивна на ковид 19, како и еден вработен на Физикалното одделние, поради што шестмина вработени, од кои двајца доктори, три сестри и еден лаборант од Инфективното одделение, се во изолација. Во помош на Инфективното одделение доаѓа инфектолог од Струмица, потврди директорот на Клиничката болница од Штип, Ален Ѓеоргијев.
-По препораки на епидемиолозите до сега имаме шест работници. Без разлика што имаме еден вработен на Инфективното одделение, не можеме да кажеме дека инфекцијата ја добил на работа, кажа Ѓеоргијев.
Ова е по втор пат од почетокот на пандемијата вработени од Инфективното одделение да одат во изолација.
Од Физикаланото одделение засега нема останато никој во изолација,а дали ќе има ќе зависи од препораките на епидемилози.
На Инфективното одделние се лекуваат 24 пацинети, 22 од Штип и двајца од Кочани. Синоќа еден пацинет, кој беше на кислородна поддршка е префрлен на Клиниката за инфективни болести во Скопје.
-Тој е во стабилна состојба, а има неколку пацинети кои имаат потреба од повремена кислородна поддршка, изјави директорот Георгиејев.
Во Клиничката болница се подготвени за план Б, односно доколку дојде до пораст на бројот на хоспирализирани од ковид, во тој случај ќе биде испразнето Одделението за неврологија, кое се наоѓа во едно од крилата на Инфективното одделение.
Директорот Герогиејев се заблагодари на штипски бизнисмен кој донирал респиратор. Не го спомена неговото име, но во јавноста е познато дека станува збор за Венцислав Филипов, сопственик на текстилна компанија.